BesTel

АГЕНЦИЈА ЗА ПРЕВЕДУВАЊЕ И ТОЛКУВАЊЕ
FacebookLinkedIn

За Нас

Компанијата БесТел произлегува од Македонски Телеком АД - Скопје и е Давател на услуги на T-Home и T-Mobile, како и на поголемите компании, организации, владини и меѓународни институции во Република Македонија и во странство.

Најголемиот потенцијал на БесТел се професионалните вработени кои имаат стручни квалификации за превод на правни, комерцијални, технички, финансиски, сметководствени документи, како и брошури, каталози, списанија, научни трудови, договори, законски акти, презентации... Тие имаат обемно искуство за толкување на конференции, состаноци, работилници, семинари, обуки, мултимедијални презентации и друго.

Покрај редовно вработените, тимот на БесТел се состои од надворешни соработници: преведувачи за сите светски јазици, лектори по македонски јазик, лектори чиј мајчин јазик е странскиот, стручни лица за специфична област и терминологија, професори и предавачи.

Своето 15-годишно успешно работење Компанијата БесТел го заснова на докажаниот квалитет според меѓународни стандарди, со користење на најсовремени програми, лиценци и софтверски алатки како што се: SDL Trados, Wordfast, MemoQ итн.

Мотото на БесТел е едноставно – прецизна, точна и беспрекорна услуга. Основните критериуми врз кој се базира квалитетот на БесТел се:

- посветување време и внимание на секој преведен збор, хармонизација, стручна консултација со професионални лица од соодветната област, уредување и детална проверка на точноста на преводот

- запазување на роковите

- следење на барањата на клиентите

Референтна листа

Референтна листа