Нашата приказна почна во далечната 2005 година, а нашата страст за она што го работиме е иста како првиот ден.
Нашата најголема предност се нашите вработени, кои посветено обезбедуваат врвни услуги од областа на преведувањето, толкувањето и управувањето со проекти. Имаме богато портфолио на проекти и за домашни и за странски клиенти.
Нашиот тим се состои и од надворешни соработници, какви што се преведувачи и толкувачи, ревизори, лектори и експерти во одредени области.
Нашето успешно работење се заснова врз докажаниот квалитет во согласност со меѓународните стандарди, а по конкурентни цени. Користиме напредни преведувачки алатки, какви што се SDL Trados, Wordfast, memoQ, Phrase, Lokalise, XTM и многу други – на барање или во зависност од потребите на клиентите.
Мотото на Бестел е едноставно – прецизна, точна и беспрекорна услуга. Основните критериуми врз кои се заснова квалитетот на Бестел се посветување време и внимание на секој преведен збор, усогласување, стручна консултација со експерти од соодветната област, уредување и детална проверка на точноста на преводот, почитување на роковите и
придржување кон барањата на клиентите.
Во 2020 година станавме првата агенција за преведување и толкување во земјата што се стекна со сертификатите ISO 17100:2015 и ISO 9001:2015.
Земајќи ги предвид извештаите од последните неколку години, нашиот удел на пазарот е околу 11%.