Агенција за преведувачки и толкувачки услуги

Различни јазици. Едно решение.

Добре дојдовте во Бестел – вашиот партнер од доверба за превод и толкување.

Ние градиме мостови помеѓу разни култури и го поврзуваме светот со моќта на јазиците. Наша примарна заложба е да обезбедиме квалитетни јазични решенија што ќе овозможат непречена комуникација помеѓу разните култури, индустрии и области. Имаме тим од професионални лингвисти со долгогодишно искуство во повеќе области. Нашиот тим и нашата работа нѐ прават совршен партнер за вашите деловни потреби.

Дознајте повеќе

Кои услуги ги нудиме?

Превод

Превод на секаков вид документи, веб-локации, маркетинг-материјали, правни текстови, судски преводи и многу други.

Јазична локализација

Адаптација на преводот на одреден производ за одредена земја или регион во согласност со културолошките одлики на целната публика.

Толкување

Симултано и консекутивно толкување конференции, состаноци, настани организирани онлајн или во живо.

Лектура и редакција

Проверка на преведениот материјал од лиценцирани лектори со применување на граматичките и на правописните правила, како и уредување и обработка за да се осигури точност, конзистентност и квалитет.

Титлување

Подобрување на пристапноста и на влијанието на вашата мултимедијална содржина преку стручни услуги за титлување.

Уредување машински превод

Уредувањето машински превод вклучува преведувачи или редактори што го прегледуваат и го подобруваат преводот генериран од системи за машинско преведување (MT). Вршиме „лесно“ уредување (каде што преведувачот прави минимални корекции) и целосно (каде што преведувачот во суштина ја преведува содржината за да обезбеди висок квалитет).

Судски превод

Судски превод т.е. превод со заверка од судски преведувач е преведен документ придружен со потпишана изјава од преведувачот, со која се потврдува неговата точност и комплетност. Обично е потребен за правни, службени или за друг вид документи, обезбедувајќи гаранција за автентичноста и веродостојноста на преводот.

Креативно пресоздавање (Транскреација)

Транскреација или скратено „креативен превод“ е посебна форма на превод што се фокусира на адаптација на содржината за конкретна целна публика, притоа задржувајќи ги пораката, тонот, стилот и културните одлики. Најчесто се користи во маркетингот, рекламирањето, брендирањето и во голема мера се потпира на културни референции, игра на зборови, хумор или емоции.

Контактирајте нѐ и добијте понуда






    Како да нарачате превод?

    1

    Нарачка

    Го праќате вашето барање за превод, наведувајќи ги јазикот, рокот и други можни услови.

    2

    Процена на барањето и понуда

    Ние го разгледуваме проектот, правиме процена и бараме соодветни лингвисти. Потоа, ви даваме понуда со цена, рок за извршување и испорака и какви било други дополнителни услуги.

    3

    Праќање кај преведувач

    Го доделуваме проектот на соодветниот преведувач врз основа на вашето барање, јазичната комбинација и областа.

    4

    Завршување и испорака на преводот

    Преводот е завршен и ние ви го праќаме во договорениот формат и во договорениот рок.

    Зошто да нѐ изберете нас?

    Квалитет

    Навремена услуга

    Приспособени решенија

    Доверливост

    Богато портфолио

    Јазици

    Како водечка преведувачка агенција во Северна Македонија, нашите услуги ги опфаќаат сите балкански јазици. Од српски и хрватски до албански и други, обезбедуваме точни преводи имајќи ги на ум културните нијанси. Покрај тоа, преведуваме и од некои од најраспространетите западни јазици на македонски, олеснувајќи ја беспрекорната комуникација низ различни региони и индустрии.

    Некои од јазиците од кои и на кои преведуваме.

    Flag FlagFlag Flag Flag FlagFlag Flag FlagFlag Flag Flag

    Од други јазици преведуваме на барање.

    Области

    0+

    Број на клиенти

    0+

    Преведени страници

    0+

    Проекти

    0+

    Години искуство